После ова тој нема да ги тргне рацете од вас

Полека ни се приближува Денот на вљубените, еве идеја за креативен подарок за него и за неа. Замислете каков ефект би добиле ако ги споите шесте најсилни природни афродизијаци во еден превкусен десерт којшто се прави буквално за пет минути, без премногу нечисти садови, а резултатите ќе бидат инзвонредни во кујната, но и во креветот.

Потребни состојки:

● 2 банани
● 2 лажици мед
● 1 мала лажичка природен екстракт од ванила
● 1 мала лажичка цимет
● 100гр стопено чоколадо 
● 2 лажици сецкани ореви
● 6 лажици шлаг
● 4 лажици пудинг од ванила

Подготовка:

Измешајте ги шлагот и пудингот, а потоа додадете го и екстрактот од ванила. Многу е важно да изберете природен екстракт или оптимално, семиња од ванила стапче, бидејќи вештачкиот екстракт нема дејство како афродизијак. 
Смесата поделете ја на два дела и ставете ја во убави стаклени садови, при што најпрво ставете по една лажица ореви измешани со чоколадо, а врз тоа ставете од смесата со пудингот.
Секоја чинија треба да има и по една помала банана исецкана на парчиња. А врз сето тоа, како одлично финале, наросете цимет и прелијте со мед.

Извор: Кармин

 

 
 
13.02.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега