Скопје утре без струја - погледнете каде и кога?

Без електрична енергија утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците на улиците 2, 4 и 10 во село Бардовци и основното училиште „Аврам Писевски“ во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради технички зафати во електро-системот.

Од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе останат и корисниците од булевар „Јане Сандански“ бр. 98, бр. 106, бр. 108 и бр. 110, во општина Аеродром.

Без електрична енергија од 9:00 до 14:30 часот ќе бидат и корисниците наспроти Јаја Пашина џамија, во општина Чаир, како и корисниците од улиците 12, 14  и „Маршал Тито“ во општина Сарај од 9:30 до 15:00 часот.

Од 10:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Копачка“ од број 15 до број 27, во општина Карпош.

 
 
10.02.2016 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега