Најниската температура регистрирана во Берово - наврнало многу дожд

 

Температурата во јануари просечно била повисока од многугодишните просеци за јануари, а врнежите во рамки на просечните вредности освен во Струмица, Охрид, Крива Паланка и Маврово каде што биле повисоки до три пати. Најниската температура е регистрирана меѓу 17 и 26 јануари во Берово од -21,8 степени, а најмногу дожд наврнало во Маврово.

Според информацијата на УХМР средната месечна темпертура во на воздухот во јануари се движела од -1,5 во Маврово до 4,7 степени во Гевгелија. Просечните температури се повисоки за 0,1 во Берово до 2,4 степени во Битола. Средните минимални температури во јануари се движеле од -6,6 во Маврово до 0 степени во Гевгелија. Освен во Берово и Крива Паланка, на сите мерни места средните минимални и максималните температури се повисоки од многугодишните просечни вредности.

Особено ниски температури се забележани на почетокот на јануари и на 24 јануари. Најниски температури се регистрирани во Берово -21,8 степени, во Маврово -17,4, во Крива Паланка -15,6 степени, во Битола -14,6 степени, во Штип -13,2 степени, во Прилеп -12,7, во Струмица и Демир Капија -12,1, во Скопје -10,9, во Охрид -10 и во Гевгелија -9,4 степени. Измерените минимални температури на воздухот во јануари не ги надминуваат досега измерените екстреми за овој месец.

Најмногу врнежи од 266 мм имало во Маврово, во Охрид 158 и во Крива Паланка 94 мм. Најголеми дневни количества врнежи дожд се забележани на 7 јануари, а на 17 јануари од дожд и снег. Од 15 до 30 јануари во земјава е регистрирана снежна покривка чија максимална висина била на 17 јануари. Во Маврово се регистрирани 46 сантиметри, 25 во Берово, 13 во Битола, 10 во Штип и Крива Паланка, 9 во Струмица, 8 во Охрид и 6 во Прилеп.

 
 
10.02.2016 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега