Утре облачно ама топло - УВ индексот ќе изнесува 8

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој во Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од осум до 19, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.

најчитано сега