Чешкиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек денеска пристигнува во работна посета на Македонија во рамки на која ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Поповски.

Како што соопшти чешкото МНР целта на посетата е да се зајакне билатералната соработка на ниво на министри за надворешни работи, лично да се запознае со ситуацијата во областите зафатена со мигрантската криза, како и да се разменат ставови на европски и меѓународни прашања и да се даде поддршка за македонските напори на патот кон европска и трансатлантска интеграција. 

Заоралек и Попоски, како што е најавено, ќе имаат излагањa по повод 25-годишнината од основањето на Вишеградската група во ЕУ Инфо центарот.

Предвидено е Заоралек официјално да ја отвори изложбата поврзана со историјата на соработката на земјите од вишеградската четворка, на која освен членовите на дипломатскиот кор ќе бидат пристуни и претставници од 27-члениот тим на полицијата на Чешка, кои што од 4 февруари до 19 март ќе помагаат на македонско-грчката граница во решавање на мигрантската криза.

Во рамки на посетата тој, заедно со својот домаќин Попоски ќе се на обратат Бизнис форум што ќе се одржи во МНР.

Чешкиот министер од 8 до 11 февруари се наоѓа на мини турнеја на Турција, Македонија и Грција.

 
 
10.02.2016 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега