Заев: Верувам дека изборот ќе биде демократски - почна кампањата за претседател на СДСМ

Откако Црвенковски соопшти дека нема да се кандидира на за нов претседателски мандат на Бихаќка иофицијално стратуваше внатрепартиската кампања за избор на негов наследник. Лидерот не сакал да фаворизира никого па оттука, во игра велгуваат Зоран Заев, Игор Ивановски, Кире Наумов и Зоран Јовановски. Сите имаат претседателски амбиции но се држат до партискиот договор да не соопштуваат информации. Зоран Заев за порталтот Нова вели дека очекува демократски изборен процес.
-Вечерва нема да бидат соопштени никакви големи одлуки, освен дека започнуваат подготовките, односно трката за нов претседател на СДСМ. Верувам во демократска процедура на избор на нов лидер, а тоа ќе биде видливо- дали таа демократија постои или не, тоа ќе се провери во следниве 30-тина дена, до 2 јуни, кога се одржува Конгресот на СДСМ.

најчитано сега