Дел од членовите барале Црвенковски да остане претседател а Конгресот да се одложи - лидерот се повлекува

Дел од членството на СДСМ барало лидерот на партијата Бранко Црвенковски да остане на претседтелската функција до следните парламентарни избори а партискиот Конгрес да биде одложен до нивното завршување. Неколку дискутанти на денешниот Централен одбор на СДСМ, кој заврши пред малку, сметале дека не е време Црвенковски да ја напушти партијата. 
Сепак, лидерот по говор од половина час рекол дека нов мандат нема да бара. Според нашите изори, тој на членството му соопштил дека се повлекува бидејќи неговите одлуки веќе немаат поддршка. Рекол дека нема да застане зад ниту еден од потенцијалните кандидати за него наследник.  По ова следела кратка пауза по што Централниот на СДСМ решил, Конгресот да се одржи на 2 јуни. 
С ова и офицјално стартуваш трката за нов опозициски лидер а во игра се неколку истакнати функционери на СДСМ, но никој не ја исклучува можноста да се кандидираат и други функционери кои и се помалку познати на Јавноста. Речи си сигурно е дека со освоја кандидатура ќе истрча Зоран Заев. Покрај него, во игра се Игор Ивановски, Зоран Јованоски и Кире Наумов

најчитано сега