Сноуден побарал азил во Русија
Поранешниот службеник на американската истражувачка агенција Едвард Сноуден побарал денеска повремен политички азил во Русија. Руските власти, засега не добиле никакво барање за азил од Сноуден, изјавил за Интерфакс неименуван претставнк на руската служба за миграција, кој не сакал да коментира повеќе по тоа прашање. Рускиот адвокат Анатолиј Кучерена наведе дека пред неговиот состанок на московскиот аеродром „Шерметјево“, Сноуден формулирал барање за привремен азил кој по тоа во присустви на Кучерене, го предал на службеникот на Федералниот миграционен сервис. Сноуден веќе три недели се наоѓа во Шереметјев а во петокот изјавил дека сака да остане во Русија додека не замине за Латинска Америка.