Приведен затоа што ја силувал и мачел пријателката

Поради сомнение дека сторил кривично дело силување, злоставување и мачење тешка и полесна повреда и недозволиво држење на оружје и експлозивна направа уапсен е дваесет и петгодишниот Стефан Ј. од Крагуевац на кого истражниот судија од Повисокиот суд по сослушувањето му одреди притвор. Како што е наведено во соопштението, постојат основи за сомнеж дека Стефан Ј. со закана и на сила ја силувал својата познаничка во својот стан. Полицијата се сомнева дека девојката била силувана мачена и во станот во кој што таа живеела. Познаничката тој физички ја нападнал и на работното место и со неколку шамари и со остар предмет и нанел неколку тешки и полесни повреди.