Уапсен соработникот на Брејвик

 

Норвешкиот неонацист Кристијан Викернес кој е поврзан со норвешкиот масовен убиец Андерсон Беронгом Брејвик е уапсен во југозападна Франција, откако неговата жена купила четири пушки што предизвикало сомнеж дека и самиот тој планира да пребегне кон насилство, било соопштено од канцеларијата на париското обвинителство.  

Кристијан Викернес кој е осудуван за убиство од Брејвик своевремено ја примил копијата од неговиот манифест. Полицијата денес ја пребарала неговата луќа во потрага по оружје и експлозија. Брејвик во јли уби 77 лица во бомбашкиот напад во центарот на Осло и на еден тамошен остров. Минатата година е осуден на максимална казна од 21 година затвор. 

На 1500 страни манифест Брејвик го изложил планот на својата битка против муслиманите кои според него ја превземаат Европа и можно е некогаш да надвладеат со насилство преку граѓанска војна. 

Викернес на својот сајт го критикувал Брејвик за убиството на невините Норвежани. Тој инаку е музичар, хеви металец и писател. Бил осуден во 1994 година за убиство на еден човек во Осло како и за подметнување на пожар во неколку цркви. Пуштен е на слобода во 2009 година, по што со својата жена и три деца се преселил во Франција. 

 

 

најчитано сега