Утре без струја неколку општини во Скопје
Регионалниот центар за управување со кризи Скопје по добиено известување од ЕВН Македонија АД, информираат дека на ден 09.02.2016 година (вторник) без електрична енергија ќе останат неколку општини во Скопје.
Во периодот од 09.00 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците наспроти Јаја Пашината Џамија, општина Чаир. Во периодот од 09.30 до 15.30 часот, корисниците од село Радуша, општина Сарај.
08.02.2016 - 10:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа