МИОА и Британската амбасада потпишаа меморандум за соработка

 

Денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и амбасадорот на Обединетото Кралство Кристофер Ивон потпишаа меморандум за соработка чија што цел е реформа во јавната администрација.

Министерот Ивановски истакна дека досега се преземени и остварени повеќе иницијативи за соработка со Обединетото Кралство, кои помогнаа во создавањето и развојот на сервисно ориентирана професионална администрација. - Воведовме признати меѓународни методи за оценка и подобрување на квалитетот на работата и управувањето во администрацијата, како што е ЦАФ програмата. Остваривме подготовки и обуки на средното раководство за примена на системот темелен на компетенции во уредувањето на систематизациите, постапките на вработување, стручно усовршување и развој на вработените. Во тие рамки спроведени се 22 обуки на централно и на локално ниво, со преку 440 обучени вработени лица од средното раководство, рече Ивановски и додаде дека наредната година, програмата ќе биде насочена и кон подготовка на кандидатите за вработување и интервјуирање темелено на компетенции.

Британскиот амбасадор Кристофер Ивон истакна дека резултатите од овој проект ќе бидат видливи за неколку месеци, што ќе придонесе за поголема професионализација на администрацијата и поголема услужност за македонските граѓани.

ФОТО: А1.он

 

најчитано сега