Фатен водачот на озлогласениот мексикански нарко картел „Зетас“
Во спектакуларна операција на северот на Мексико спроведена во раните утрински часови со учество и на хеликоптер, уапсен е Мигел Анхел Тревињо Моралес, водачот на озлогласениот нарко картел Зетас. Мексиканскиот воен хеликоптер ниско летал над областа оддалечена 27 километри од градот Нуево Лареда во близина на границата на Мексико со САД. Под леталото во камионот се наоѓал најбараниот нарко бос Мигел Анхел Тревињо Моралес, познат под името Z-40 со уште двајца мажи, кои поседувале два милиони долари и осум парчиња оружје. Од хеликоптерот не е испукан ниту еден куршум, изјавил Санчез, но не објаснил како возачот на камионот бил приморан да застане. Маринците во хеликоптерот изведоа маневар за застанување на возилото, а покрај воздушната, имали и земјена поддршка на морнариците.
40 годишниот Тревињо се товари за организиран криминал, убиство, мачење и перење на пари, а за неговото апсење се издадени најмалку седум налози. Мексиканските власти понудија награда од 30 милиони песози, 2,4 милиони долари, додека американскиот Стејт департмент дури пет милиони долари за секоја информација која би довела до негово апсење.