Иванов – Ципрас: Потребно е интензивирање на соработката во однос на бегалската криза

 

Потребно е интензивирање и подигнување на нивото на соработка меѓу македонските и грчките институции во однос на сите аспекти на бегалската криза, како на границата, така и на сите нивоа на соработка меѓу органите на двете земји, беше исходот од денешната средба на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Во разговорите посебно беше истакната потребата од поголема координација меѓу полицијата и останатите безбедносни служби на двете држави.

На средбата со Ципрас, беше заклучено дека Македонија и Грција како соседни земји, мора да соработуваат бидејќи неопходна е синхрознирана акција на македонските и грчките институции со цел надминување на проблемите предизвикани од бегалската криза.  

 
 
04.02.2016 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега