ДО 2017 во Грција минималната плата ќе изнесува 586 евра
Минималната плата во Грција до 2017 година ќе остане на 586 евра, а потоа истата ќе се определува со ном механизам. Ова го соопшти грчкиот министер за труд Јанис Вруцис. Со новиот механизам кој ќе се определува од Владата во консултации со социјалните партнери ќе се воведе и законски минимален праг на плати и дневници под чиј износ, според колективните или индивидуалните договори, нема да се одобруваат награди за вложениот труд. На барање на меѓународните кредитори во февруари 2012 година минималната плата беше намалена за 22% и од тогаш изнесува 586 евра за сите вработени над 25 годишна возраст. Намалувањето, меѓутоа, дојде и до 32 отсто за младите на возраст под 25 години. Кредиторите уште бараат да се укинат и додатоците за тригодишен стаж врз основа на колективните договори. Засега тие остануваат замрзнати до намалувањето на стапката на невработеност под 10 отсто. Ако оваа опција биде прифатена, работник кој доаѓа на пазарот на трудот со минимална плата и по десет години работен стаж и натаму ќе добива 586 евра.