Ужас: Ја силувал својата 14-годишна ќерка, па му родила мртво бебе

 

Против Топлица М. (44) од селото Батовац кај Пожаревац, кој е осомничен дека ја обљубил малолетната ќерка Д.М. (14), а која шест месеци подоцна родила мртво машко дете, обвинителството покрена обвинение бидејќи истрагата покажала дека тој е таткото на бебето.

Како што наведоа во јавното обвинителство во Пожаревац, обвинението против Топлица М. е подигната поради оправдани сомнежи дека злоупотребувајќи ја својата положба на родител имал полови односи со својата ќерка.

- За време на овие полови односи, Д.М. затруднела и на 13. септември 2015. година родила мртво дете. За време на истрагата е направено ДНК тестирање од кое произлегува дека Топлица М. е таткото на тоа мртвородено дете, објасни обвинителот Милан Живковиќ, пренесува Курир.

Тој додаде дека обвинението е подигнато поради тежок облик на кривично дело обљуба, за кое е предвидена казна затвор од 3 до 15 години. Иначе, Топлица М. се наоѓа во притвор, кој му е одреден за време на истрагата.

 

 
 
04.02.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега