Запознајте го пилотот херој
Мајката на пилотот херој, се огласи преку српските медиуми, таа вели дека сеуште се нема слушнато со својот син. Вљубеник е во летањето, тоа е негов живот, вели Надежда Водопивец.
Го сака небото вака ја почнува својата приказна мајката на Владимир Водопивец приказната. Станува збор за пилотот кој направи херојски потег, кога во Сомалија безбедно слета авион со 74 патници и седум членови на персоналот, откако најверојатно експлодирала бомба над десното крило.
-Сеуште се немам слушнато со син ми. Владимир не зборува премногу за работата, но отсекогаш бил вљубеник во летањето. Ја обожава својата работа, таа му е најважна, поважна и од фамилијата, вели 87 годишната Надежда за својот син, кого последен пат го видела пред еден месец, кога бил во Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа