Хаос во Скопје: Повредени седум лица

 

 

Возач на мотоцикл и пешак се тешко повредени, а со полесни повреди се здобиле тројца сопатници и двајца пешаци во пет од вкупно 13 регистрирани сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа. Осум сообраќајни незгоди се со последица материјална штета.

Во текот изминатиот ден  сообраќајната полиција открила и санкционирани 26 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 17  возеле без возачка дозвола, односно по истекот на важноста на сообраќајната дозвола, а четворица поминале на црвено светло на семафор. Санкционирани се и 25 пешаци кои поминале на црвено светло на семафор, односно поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 86 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука вечер во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци. 

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Петар Поп Арсов“ во општина Карпош со ученици од четврто одделение.

Од сообраќајната полиција известуваат дека и денеска од 9 до 13 часот на крстосниците во централното градско подрачје продолжува обуката за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 
 
04.02.2016 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега