ВМРО-ДПМНЕ: Наумов го крши Законот за буџет

Буџетот на Република Македонија се носи во Собранието на Република Македонија со гласање од пратениците избрани од народот. Со попречување на реализација на Буџетот Кире Наумов го крши Законот за буџет. За ова Наумов ќе понесе одговорност.

Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешното соопштение од дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов во кое повика на одговорност за, како што тврди, пропусти во процедурите при задолжувањето и нагласи дека за 9 февруари е закажана нова аукција на државни хартии од вредност.

Од партијата посочуваат дека народот никогаш не простува антидржавно делување.

- Пред 10-тото по ред убедливо губење на изборите на 24 април, Наумов и СДСМ директно се обидуваат да ја саботираат државата и нејзиното нормално функционирање и да создадат проблеми кои ги нема, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

 
 
03.02.2016 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега