Груевски: Продолжува програмата за условен паричен надомест

Програмата за условен паричен надомест  ќе продолжи и оваа година, а за таа цел обезбедени се 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за околу 6.500 семеjства, чии деца посетуваат средно образование, изјави денеска во општина Илинден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Оваа мерка Владата ја усвои уште во јануари на првата седница, а е дел од програмата  која што на сите приматели на социјална помош им овозможува доколку децата посетуваат средно образование на редовна основа да добијат поголема финансиска помош.

- Тоа е мерка која што ја воведовме пред 6, 7 години и одлично се одвива, а ќе продолжи и оваа година. Со буџетот што се усвои минатата година и со програмата што се усвои во јануари се планираат 80 милиони денари за шест и пол илјади семејства, финансиска помош за поддршка на нивните деца во средно училиште, рече Груевски.

Досега преку оваа владина мерка доделени се вкупно 360 милиони денари.

 
 
03.02.2016 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега