Путин: Од каде јас да знам што ќе биде со Сноуден?!
Претседателот на Русија, Владимир Путин, заедно со студентите од археолошкиот факултет имаше мала авантура со мини подморница со која се нурна во водите на Балтичкото море.
Сепак, она што повеќе ги интересирало студентите за време на авантурата било што ќе биде сега со Сноуден.
- Што ќе се случи сега со Сноуден, прашала една студентка, пренесе Ројтерс.
- Со кого? , се насмеал Путин и додал: Од каде јас да знам, тој си знае што ќе прави со својот живот.
"Тоа е негов живот и негова судбина. Тој дојде на наша територија без покана. Ние не го поканивме. Тој изгледа одеше во некоја друга земја, но нашите американски партнери го сопреа кај нас и го блокираа неговото движење", објаснил Путин.