Научниците открија нова минијатурна месечина на Нептун

 

НАСА преку својот телескоп Хабл откри нова минијатурна месечина во орбитата на Нептун. Таа ја нарека S/2004N1 и е широка околу 20 километри, а е оддалечена од Наптун 105.000 километри и кружи околу него на секои 23 часа. 

Астрономот Марк Шовалтер од Институтот СЕТИ во Калифорнија е првиот човек кој го откри новото тело, кое е толку мало што не успеал да го забележи ниту „Војаџер2“ кој во 1989 година го истражуваше Нептун и неговите сателити и прстени. 

S/2004N1 е 14-та позната месечина на Нептун и е 100 милиони пати помалку сјајна од најслабо видливата ѕвезда со голо око.

Нептун е 17 пати поголем од Земјата и 30 пати поодалечен од Сонцето

најчитано сега