Поради лустрацијата академик Божин Павловски ги напушта МАНУ и ДПM

 

За време на последната седница на Комисијата за верификација на фактите, се дискутирало и за академик Божин Павловски, поради што тој си заминува од МАНУ и ДПМ.

- И сега, кога во знак на протест, излегувам од Академијата на науките по 25 години активно членување и од Друштвото на писателите по точно 50 години, имам чувство дека во нашава средина постигнав добри резултатии Ве известувам дека во својата втора татковина на најубав начин ќе продолжам да си ја промовирам својата прва татковина , напиша писателот Павловски во отвореното писмо до медиумите.

Инаку, тој во своето писмо му се обрати и на премиерот Груевски: - „Во овие 90 дена, откако по триесет и први пат си дојдов во старата татковина, открив дека во Вашата непосредна близина се случува загрижувачки процес на гниење. Се добива впечаток дека некој во Ваше име го разнебитува македонскиот вредносен систем трпеливо граден цели 70 години“, напиша академикот во отвореното писмо.

ФОТО: Утрински

најчитано сега