Македонците не можат да одат кон Грција

Поради штрајк на грчките земјоделци времено е во прекин сообраќајот за влез и излез од Македонија кон Грција на граничните премини Меџитлија, Стар Дојран и Богородица.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека прекинот на сообраќајот на граничниот премин Меџитлија што почна во 11 часот ќе трае до 13 часот, а ќе продолжи и попладне од 17 до 20 часот. На граничниот премин „Стар Дојран“ блокадата е од 11 до 14 часот, а на „Евзони“ од 11 до 13 часот. 

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места.

Поради појава на магла, видливоста на патните правци Гевгелија – Богданци и Удово – Гевгелија е намалена на 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

 
 
03.02.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега