Го оставиле четиригодишниот син во болница - 13 месеци никој не го посетил

Тажна приказна доаѓа од Нови Сад, Србија. Родители оставиле дете во болница и верувале или не никој не го посетил цели 13 месеци! 

Се работи за 4-годишниот М.К. кој има повеќе болести од самото раѓање. Неговите родители го оставиле и потоа никој освен медицинскиот персонал не водел сметка за него.

- Лежев во болницата, го видов момчето кое никој не го посетуваше. Му купивме облека и храна. Продолжив да го посетувам, но по некое време беше забрането бидејќи не сме роднини, вели пациентка од болницата во Нови Сад.

Персоналот од болницата вели дека многу го засакале детето. Една од пациентките вели дека со него била кога имало тешка операција.

- Многу го засакав со ќерка ми, го посетувавме по операциите. Навистина е жално, сакавме дури и да го посвоиме, вели таа за српскиот Блиц.

Директорот на Здравствената установа вели дека често има вакви случаи и тогаш кога родителите ќе ги остават децата сами во болнички услови, докторите прават се за нив, но потоа случајот е во рацете на социјалните работници.

 

 

 

 
 
03.02.2016 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега