Во Македонија ќе се издава грчки весник
На собирот на грчката дијаспора во Лерин е најавено дека невладина организација од Солун ќе направи грчки весник кој ќе се дистрибуира во Македонија, а ќе го има на грчки, англиски и македонски јазик, пренесе Дневник.
За издавањето на весникот е најавено на еден од настаните во рамките на 11. Конгрес на грчката дијаспора одржан во северна Грција, а весникот треба да биде одговор на весникот на Македонците во Грција - „Нова зора“.
Дневник пренесува дека на Конгресот е усвоена резолуција со која грчката дијаспора истакнала дека никогаш нема да прифати Грција да постигне компромис со Македонија за име што го содржи терминот „Македонија“.
ФОТО: А1.он