Хрватска: За два дена извлечен уште еден милионер

Уште еден среќен добитник синоќа беше извлечен во играта „Бинго 15 од 90“ кое се одржува под покровителство на „Хрватската лотарија“. Имено среќниот хрват успеал да ги погоди сите седум броеви во дополнителната игра „Бинго Плус“, со што заработи речиси 244 илјади евра. Добитното ливче е уплатено во Загреб. Тој е втор милионер во игрите на „Лотаријата“ во Хрватска во два дена, откако во неделата среќен добитник освои „шестка“ на „Лото 6/45“

најчитано сега