Тажна приказна од Детската болница во Нови Сад: Го оставиле тешко болното дете на лекување, а веќе 13 месеци никој...

Детето М.К (4) кое е болно од повеќе болести од раѓање, веќе 13 месеци лежи во болницата во Нови Сад , а неговите родители не се појавиле  од кога е доведено на лекување, ниту пак некој друг го посетува.

-Лежев со мојата ќерка летоска во болница и ја видов состојбата во која е детето, му купив облека и храна. Кога излеговем од болница просолжив да му носам храна, но потоа на нас ни забранија да го посетуваме бидејќи не сме му роднини, раскажува мајката која се зачудила од оваа ситуација.

Таа додава дека никој од семјството не се интересира за ова дете, а за српски Блиц неофицијалн потврдуваат и вработените во Детската клиника.

Исто така ова жена вели дека таа и нејзината ќерка многу го засакале ова дете

- Многу го засакавме. Молевме да не пуштат макар за викенд да го видиме, но не ни дозволија. Поради сите притисоци морав да се откажам од таа борба, доават таа

Наместо родителите, вели дека таа била кога имал тешка операција, му купила облека и го пресоблекла.

Директорот од болницата вели дека за жал има и вакви ситации кога родителите ги оставаат своите деца и никогаш не се враќаат.

- Во такви ситауции се јавуваме на социјалните работници, но на нас работа ни е само лекувањето, а тие се грижат за останатото. Постојат родители кои имаат повеќе деца, па не доаѓаат често во посета, вели директорот на Детската болница во Нови Сад.

 

 

 

 

 

 

 

 
 
02.02.2016 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега