Таа правела магии: Еден ден по погребот на гробот на баба Стојанка нашле...
Гробот на погребаната Стојанка Величковиќ (90) од Тодоровац кај Лесковац во текот на ноќта бил раскопан и сквернавен, а од ковчегот исчезнале 800 динари кои покрај покојната биле оставени од страна на семејството.
Ужасната глетка ја зетекнал синот и внуката на покојната на нејзиното прво утро.
- Веднаш видовме дека гробот е раскопан, ковчегот скршен, ќебето со кое ја покривме искинато на пола... Кога погледнав на местото каде и ги оставивме парите, и нив ги немаше - вели Слободан Величковиќ, син на покојната Стојанка.
Според неговите зборови, пред погребот, во ковчегот на Стојанка ставиле по една банкнота од 500, 200 и 100 динари.
На самото место увид извршила криминалистичката полиција од Лесковац, а на гробиштата почнале да се собираат и мештаните од ова село.
Сите се зачудени зошто ништо случно досега не се случило во нивниот крај.
- Грев е ова! На сите им правеше добро, им помагаше на децата во селото и некој сега вака и врати. Уште не е чесно оладена во гробот, а не ја пуштија да почива во мир, вели нејзината внука Слаѓана. Семејството се сомнева дека сквернавењето на гробот е направени поради одмазда.
Покојната старица се бавела со бела магија и им баела на децата од селото против уроци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа