Пратениците денеска со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и за транспорт, врски и екологија.

Извештајот за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2012 година, e единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе расправаат по Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Македонија и Владата на Црна Гора за соработка и заемна помош по царински прашања, по Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Азербејџан за заемно поттикнување и заштита на инвестиции и по Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Азербејџан за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавно претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје, во прво читање. По оваа точка треба да се разгледаат Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2012 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2012 година, Финансиски извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2012 година и Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот на осигурување во Република Македонија во 2012 година.

Комисијата за транспорт, врски и екологија на дневен ред ги има Годишниот извештај за реализација на програмата за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2012 година, Предлог-одлуката за давање согласност на Предлогот за изменување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2013 година, Предлог-одлуката за користење на средствата од концесискиот надомест за користење на аеродромите во Република Македонија за 2012 година...

најчитано сега