Пронајдено осумгодишното дете - што му се случило?

 

Вистинска паника настана во саботата попладне во Нови Сад кога исчезна 8-годишно девојче, С.М.А. Малото дете излегло од својот дом, а кога родителите забележале дека го нема, веднаш се јавиле во полиција да побараат помош. За среќа, оваа драма има среќен крај со оглед на тоа дека полицијата си ја завршила работата и го пронашла детето на 15 километри од неговата куќа.

- Можам само да ви кажам дека мојата ќерка е сега дома и фала му на Бога е здрава и жива, изјави таткото на малата за српскиот портал Курир.

Преплашената мајка на дежурниот полицаец му рекла дека детето во еден момент и го снемало од пред очи. Целото соседство веднаш почнало да трага по девојчето.

Веројатно се во прашање „детски бубачки" бидејчи таа била пронајдена кај другарка.

 
 
02.02.2016 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега