ВИДЕО: Општа тепачка по мечот Ловќен - Ибар

 

Кошаркарите на Ловќен го совладаа Ибар со резултат 78:76, но мечот ќе се памети по општата тепачка по крајот.

Цетињаните славеа откако гостите од водеа со 23 поени разлика, а по завршетокот на мечот гостинските кошаркари и стручниот штаб се жалеа на судењето.

Тогаш дојде до кошкање помеѓу играчите на двата тима, а тоа брзо прерасна во општа тепачка во која учествуваше и публиката.

Најлошо помина кошаркарот на гостите Владимир Томашевиќ, кој по гужвата остана да лежи на паркетот. Томашевиќ е одведен во Итна помош, а подоцна и во Клиничкиот центар во Подгорица.

Три играчи на Ловќен и 12 навивачи дале изјави во полиција, како и делегатот на мечот Милорад Пантовиќ.

 

 

 
 
01.02.2016 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега