Гога Секулиќ: Го загубив Игор, болеста беше посилна!

Сопругот на Гога Секулиќ (41) починал синоќа околу 21.30 часот во една болница во германскиот град Хајделберг, а неговата сопруга била покрај него до последниот момент.

Рамовиќ боледувал од рак на панкреастот, а болеста била доцна откриена. Иако за операцијата биле потребни повеќе десетици илјади евра, сепак тој добил најдобар третман и ништо не сакале да препуштат на случајот.

Биле направенис ите анализи, но болеста рапидно напредувала и Игор за загубил борбата.

Гога цело време била покрај него, до последниот момент од животот. И починал на раце додека му раскажувала као кога ќе оздрави ќе оделе на меден месец.

Се обидувала да му влее надеж, но било залудно. Игор Рамовиќ и Гога Секулиќ се венчаа пред два месеци во хотелот Хајат во Белград.

-  За жал вистина е. Го загубил Игор. Пред 4 недели во Белград му стана лошо и отидовме во болница. Таму му беше дијагностициран рак на панкреасот и се договоривме да оди во Германија на лекување. Му беа дадени најсовремени терапии, но болеста беше псоилна – изјави пејачката за српски Блиц.

Бизнисменот две децении живеел во Лондон. Рамовиќ бил во брак и има една ќерка. По разводот Игор запознал девојка која според наводите на некои медиуми се вика Ким, и со неа имал син Себастијан. Неговите деца со мајките сега живеат во Лондон.

Рамовиќ активно се занимавал со бодибилдинг. Информацијата за врската на пејачката и бизнисменот во јавноста се појави на почетокот на годината, но секако поголем шок беше нивната брза венчавка.

најчитано сега