Три работи кои се предодрени со вашето раѓање - на ова не можете да влијаете

 

Се храните како треба, вежбате редовно и не се нервирате околу мали работи. Тогаш мора да сте прилично здрави, зар не? Се надеваме, но не смееме да ги заборавиме гените, зошто тие одредуваат какво ќе биде вашето здравје. Од семејната историја на болести можеме многу да дознаеме за ризиците кои ги наследуваме. Но сепак, за здравјето во иднина многу може да ни каже и тежината при раѓање, редоследот по кој сме родени и колку години имала мајката. Овие три работи влијаат какво ќе биде нашето здравје во текот на животот, а се условени со раѓањето.

1. Ако на раѓање сте биле потешки од 4 килограми или помалку од 2,5 килограми

Имате поголем ризик да ви се појават проблеми со видот, слухот и конгнитивни пореметувања кога ќе дојдете во средното доба, според една британска студија спроведена на 400 илјади луѓе. Научните од универзитетот во Манчестер велат дека конгнитивните проблеми и проблемите со слухот можат да настанат поради недобивање доволо хранливи материи при раѓање или од абнормалниот раст на хормоните, кој влијае на разбојот на неуросензорите.

2. Ако вашата мајка имала повеќе од 30 години кога ве родила

Можно е да имате поголем ризик за депресија или стрес од 20 години па натака, ако сте жена, според студиите на American Psychology Association. Во подоцните години жените роден од постари мајки повеќе патат од стрес, за разлика од оние од помлади. Жените кои мајките ги родиле со 35 и повеќе години имаат посилна депресија. Односот мајка - дете не ист заради разликата од 30+, тој е понапнат и предизвикува повеќе стрес. Постарите мајки имаат здравствени проблеми додека децата сеуште им се млади, што уште толку допринесува за стрес и депресија кај децата, велат научниците. Машките деца пак се имуни на ова.

3. Ако сте прво дете


Поголема е шансата да имате прекумерна тежина, према студијата спроведена во Шведска, на 13.000 парови сестри. Првородените сестри се 29% повеќе прекумерно тешки и 40% подебели отколку нивните помлади сестри. Ни машките првороденчиња не поминуваат лесно, трендот е ист. Научниците велат дека тоа има врска со дотокот на крв до плацентата. Во текот на првата бременост, некои крвни садови можеби не дозволуваат многу хранливи материи да стигнат до таа мерка како во понатамошните бремености.

 

 
 
01.02.2016 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега