Колегите на актерот се молат за него: Докторите прават се да му го спасат животот
Великанот на српската театарска сцена, легендарниот актер Драган Николиќ, е во болница откако му се влошила здравствената состојба. Лекарите даваат се од себе и овој пат да излезе од битката како победник. Актерите кои се негови колеги се потресени и се молат за него.
- Со него сме 30 години, поминавме сешто. Секогаш сме еден со друг во мислите иако јавно не го покажуваме тоа. Тој ми е најдобар пријател, се молам за него, вели Аљоша Вучковиќ.
- Се молам за него, да го надмине ова заедно со семејството, вели актерот Бранислав Лечиќ, додека колешката Анита Лазиќ додава дека секојдневно се моли за него.
Сопругата Милена не се одвојува од својот сакан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа