Познат ТВ водител платил за секс со малолетничка

Телевизискиот водител Дејан Анѓуш(48) доби обвинение за трговија со луѓе, како личност кој на малолетничка и платил 8.500 српски динари за секс

Во обвинението кое на 15 декември 2015 го подигна вишото обвинителство во Белград против Никола Исаиловиќ-Чоре (38) и Беџије Шаќири-Бебе (21) за трговија со луѓе, се наведува дека Анѓуш платил 8.500 динари за секс со малолетничката која ја продавале тие. Освен за нив двајца, обвинение е поднесено и против малолетниот А.Д. (17).

Во обвинението се наведува дека Анѓуш дошол во куќа во белградската населба Миријево на повик Беџије Шаќири на почетокот на мај 2015. На долниот спрат спрат била девојката со малолетниот А.Д., а водителот како што се наведува во поднесениот акт, се качил на вториот спрат и влегол во собата кај што била малолетничката и имал секс, за кој платил.

 
 
29.01.2016 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега