Дрога пронајдена кај надзорник во затворот Идризово

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице кое се гони за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. 

Во текот на вчерашниот ден при редовна контрола и личен претрес на лицето вработено како надзорник во затворот Идризово, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со селотејп трака за кое при вештачењето е утврдено дека се работи за марихуана. При извршениот претрес во домот на осомничениот покрај количество на марихуана, пронајдени се и 9 парчиња на муниција.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за поведување на истражна постапка и до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка Притвор. Предлогот е прифатен и со Решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.​

 
 
29.01.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега