Перо Антиќ го повреди коленото

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ одигра добар меч за Фенербахче против Цедевита, но за жал на истиот заработи и незгодна повреда на коленото поради која извесно време ќе мора да отсуствува од кошаркарските терени.

Поранешниот македонски репрезентативец незгодно доскокна при едно положување, остана да лежи под кошот, по што со помош на медицинските лица на Фенербахче го напушти теренот.

Турскиот гигант стигна до нова победа во Евролигата, но во таборот на Фенербахче се свесни дека овој триумф е скапо платен, бидејќи покрај Антиќ, повреда заработи и грчкиот плејмејкер Коскас Слукас.

 
 
29.01.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега