Синан призна: Шмркав кокаин, ама само еднаш!

Синан Сакиќ признава дека шмркал кокаин од чиста љубопитност, но дека никогаш редовно не ја конзумирал таа дрога како што се зборувало.

Популарниот пејач вели дека „белото“ пронајдено кај него на 17. јуни минатата година на граничниот премин Трбушница не било негово, туку на негов пријател.

Синан ја објасни оваа афера.

- Вистината е дека минатата година бев уапсен бидејќи сакав да го заштитам другарот. Не знаев што да правам во таа ситуација и реков „Дај ми го мене тој кокаин“. Можев да го фрлам, но не го направив тоа. Кога ме претресуваа самиот на полицијата и реков „Еве, го имам и ова“, и им ја дадов дрогата, тврди Синан.

Тој додава дека не е вистина дека се обидел да го прикрие синот.

- Би го претепал синот кога би го видел како се дрогира. Море, би го убил на лице место, вели пејачот.

Синан сепак признава дека ја пробал оваа дрога.

 

-Пробав еднаш, од љубопитност. Има зависници кои земаат големи количини дневно. Јас ги прашав само една работа „А што е тука добро?“ Да земам било каква дрога, би им кажал на сите, не би бегал од тоа. Тоа сум јас! Да сум на кокаин, би рекол „Да, така е, имаш ли нешто против?“ Мој живот, моја работа. Па претседатели на држави земаат кокаин, адвокати... море сите, заклучи Синан.

 

 
 
29.01.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега