Рекорд: Измерени минус 41,2 степени во Ван

Рекордно ниска температура од минус 41,2 степена Целзиусови регистрирана е во источниот турски округ Ван, објави НТВ. Тоа е најниска температура регистрирана во изминатите 26 години.

Измерена е ноќеска во градот Чалдаран, што се наоѓа на надморска висина од 2050 метри.

Во 1990 година на 9 јануари во тој град била измерена температура од минус 46,4 степени Целзиусови. Шест месеци во годината тој град е покриен со снег, а во целата година со исклучок на јули и август температурата ноќе се спушта под нулата, јави НТВ

 
 
29.01.2016 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега