Месечината е во опаѓање – искористете ја оваа фаза правилно!

После Полната месечина, почнува фазата на опаѓање преку младата Месечина, се додека таа целосно не исчезнува од хоризонтот на три ноќи. Тоа се нарекува фаза на опаѓање, а за човекот е скапоцена затоа што тогаш нашето тело има тенденција да се прочисти и да ги исфрли токсичните супстанции од себе.

Италијанските научници Марта Eрбa, Џанлука Ранчин и Даниел Вентруоли во книгата „Од Месечината до Земјата“, откриват многу тајни на природниот сателит на Земјата, тврдејќи дека Месечината има огромно влијание врз се што е на Земјата, но дека модерните цивилизации тоа го игнорираат, иако сите стари народи во различни делови на нашата планета животот го координирале според лунарниот пат.

Според нив, оваа фаза може многу да ни помогне во здравјето.

Eфектoт  на Месечината се зголемува како што се доближуваме до фазата на млада Месечина, па ако сакате да ослабите, да го прочистите телото од токсини, да го отстраните целулитот или стресот, најповолен период е токму кога Месечината се намалува.

Во текот на овие 14 дена билните чаеви, масажите, дренажата и детоксикацијата имаат посилен ефект, а диетата е поуспешна, бидејќи мастите се топат побрзо.

Луѓето кои имаат проблеми со алергии, особено треба да обрнат внимание на лунарниот календар. Чистењето на постелата од паразити или перењето на облеката која содржи алергенси е најдобро да се прави во оваа фаза, бидејќи микроорганизмите и штетните материи полесно се отстрануваат

И хирурзите знаат дека во оваа фаза пациентите помалку крварат и лузни побрзо исчезнуваат, па ова е идеално време за отстранување на брадавици и бенки, како и за чистење на лицето.

Извор: Република

 
 
28.01.2016 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега