ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина меѓу младите во Кичево

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа трибина во Кичево. Таму на средби со граѓаните ги слушна нивните идеи кои како проекти ќе станат дел од новата програма на владејачката партија.

На трибината пред граѓаните беше посочено дека политички кризи предизвикуваат политички партии кои не можат да го добијат вниманието кај луѓето, а таква партија во земјава е СДСМ.

-Тие сакаат да има политичка нестабилност или криза за да можат да се докажат или да наштетат. Сведоци бевме кога Заев создаде криза да ја демолира убедливата победа која ја освоивме. Тие ги ставија институциите во ризик за исполнување на свои лични апетити и неисполнети амбиции. СДСМ доби се што бараше, а сега бега од избори. Од избори бегаат затоа што знаат дека нема да победат, а тоа се должи на нивната неспособност да ја добијат довербата кај граѓаните, рече Милошоски.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Кичево говореа за дел од крупните проекти кои се спроведени во овој град и низ цела Македонија.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски потенцира дека ветувањата на СДСМ се нереални и дека партијата нема концепт, а од другата страна граѓаните ги имаат реалните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ и големите проекти.

Мисајловски потенцира дека во моментов се работи на градба на три автопати и повеќе регионални патни правци, но потенцира дека продолжува и работата на терен како увид за се она што треба да се сработи понатаму.

Пред младите од Кичево, Мисајловски вети дека ќе се заложи за проектот „Купи куќа за млади“ и дека ако кичевскиот градоначалник не изработи проект, тоа ќе го направи тој како министер.

 
 
28.01.2016 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега