Најјакото кафе на светот: Од една чаша нема да спиете со денови

Производител е американска компанија од Њујорк која гарантира враќање на парите на тие кои ќе докажат дека пробале појако кафе од нивното.

Најјакото кафе на светот се вика "Death Wish" (смртна желба) и една чаша содржи дури 520 мг кофеин. За споредба, чаша класично кафе има 160 мг.

Цената на 450 грама од ова кафе е 19.99 долари.

Производителот вака го опишува:

- Разбудете го бунтовникот во себе со најјакото кафе на светот. Подигнете ги своите стадарди за кафе со само една голтка од ова. Со мек вкус, нималку горко со суптилни ноти на цреша и чоколадо. Јако е, но 100 проценти природно.

Сепак, со ова кафе треба да сте внимателни и секако треба да го избегнуваат луѓе со срцеви болести и тие со висок притисок.

 

 
 
28.01.2016 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега