Министерството за култура: Жерновски нема правен основ за мораториум на Скопје 2014

 

Градоначалникот на општина Центар нема правен основ за мораториум на изградбата на објектите кои се во надлежност на Министерството за култура, реагира Министерството на изјавата на Андреј Жерновски дека ги стопирал сите градежни и финансиски активности во проектот „Скопје 2014“.

- Потенцираме дека за сите активности поврзани со градбите коишто преку Министерството за култура се реализираат на територијата на општина Центар се постапува во согласност со законските прописи во Република Македонија, а објектите се градат во согласност со добиените правосилни одобренија за градење, стои во соопштението-реакција на Министерството за култура.

најчитано сега