ВИДЕО: Идеален будилник за спанковци - се гаси само со успешно селфи

Една британска софтверска компанија разви виртуелен будилник кој сопствениците на телефонот можат да го исклучат само кога ќе направат одговарачко селфи, на начин на кој тоа од нив го бара апликацијата.

Имено, будилникот функционира така што сопственикот на телефонот мора да направи селфи за да се изгасне.

На пример, апликацијата бара од вас да направите селфи на кое имате тажен израз на лицето, или да фотографирате предмети во соодветна боја. Исто така, една од задачите е корисниците да изговорат брзалица за будилникот да се изгасне.

“Доколку го прекинете алармот без исполнување на задачите, будилникот ќе ви зазвони повторно за 30 секунди. Во целост се гаси само кога ќе ги извршите бараните задачи”, изјавија од “Oxford Project”, компанијата која стои зад “The Mimicker Alarm” апликацијата.

Како што истакнуваат, апликацијата на почетокот ќе биде достапна само за Android уредите, а во наредните неколку дена ќе се најде во “Play Store”.

 
 
27.01.2016 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега