Колку од пријателите на Фејсбук ви се вистински пријатели?

Од Оксфорд универзитетот направија истражување со цел да дознаат дали некој што има многу пријатели на социјалната мрежа Facebook, исто така има многу пријатели и во живо, односно колку од нив се навистина пријатели?

Истражувачите открија дека поголемиот дел од Facebook пријателите, не се вистински пријатели.

Анализирани беа преку 3000 луѓе, и резултатите покажаа дека само 28% од листата на пријатели на Facebook се сметаат за пријатели.

Просечната личност кој била анализирана имала 150 пријатели: Само 13,6% од нив покажуваат сочувство кога нешто не е во ред, а вкупно четири луѓе се тука за вас кога сте во криза, пишува интернет страницата Engadget.

Според социолозите, не е возможно еден човек да има повеќе од 150 пријатели, просечно: 5 интимни пријатели, 15 многу добри пријатели, 50 добри пријатели и останатите се познаници.

Вистинската пријателска врска, секако, живее надвор од екраните – повремените средби лице в лице со одредени луѓе ги сочинуваат пријателствата, пишува во извештајот од истражувањето.

 
 
27.01.2016 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега