ВИДЕО: Стокхолм во паника: Мигрантите ја „превземаа“ главната железничка станица

Главната железничка станица во Стокхолм е небезбедна, откако била „превземена“ од марокански деца кои живеат на улиците на шведската престолнина, предупредува полицијата во Шведска.

Тинејџерски и детски банди составени најчесто од деца кои имаат по само 9 години и исклучиво од машки деца, шират терор во шведската престолнина, допираат и малтретираат девојки и жени и ги напаѓаат безбедносните служби.

-Тие претставуваат голем проблем за нас. Крадат насекаде, ги напаѓаат припадниците на обезбедувањето, а девојките и жените ги допираат меѓу нозете и физички ги малтретираат ако се спротивстават на тоа. Дури ниту полицајците не ги пуштаат своите деца на железничката станица, објаснил полицаец за шведската телевизија.

Полицијата проценува дека во градот „делуваат“ најмалку 200 марокански деца, посебно околу главната железничка станица и повеќето од нив живеат од криминал.

 
 
27.01.2016 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега