Страшна сообраќајка во штипско: Едно лице во болница

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила утрово во штипското село Чардаклија низ кое поминува магистралниот пат Штип-Кочани. 

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила кога 37 годишен возач од Демир Капија управувајќи го возилото марка „Ровер“ со неготински регистерски таблички излетал од коловозот и се превртел во канал за атмосферска вода.

- Со возило на Итната медицинска помош 37 годишниот возач е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде што лекарите констатирале тешка телесна повреда, односно фрактура на десната клучна коска. Повредено лице е задржано на понатамошно лекување, рече Панајотова.

Во тек е истрага за причините за сообраќајната несреќа.

 
 
27.01.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега