Додека цел свет го чека кралското бебе принцот Вилијам игра поло

 

Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам, играше поло со својот помлад брат, принцот Хари, додека целата британска јавност очекуваше вест за раѓањето на кралското бебе.

Неговата сопруга, војводката од Кембриџ Кетрин Мидлтон, се наоѓа во болница во Лондон, во деветиот месец од бременоста, па дел од британските медиуми највуваа во текот на целата мината недела дека породувањето ќе се случи во текот на изминатиот викенд.

Според извештаите на лондонските весници, Вилијам сосема релаксиран цел ден играл поло на еден хуманитарен натпревар, а потоа останал со своите другари на локација која е повеќе од 160 километри далеку од британскиот главен град.

Тврдењата за можното породување на Кетрин Мидлтон во викендот што измина, предизвика тревога во медиумите, поради што претходните два дена значително се зголеми бројот на репортерите и камерманите кои дежураа пред лондонската болница. Некои редакции воведоа и специјални дежурства за да ја имаат први веста за раѓањето на британското кралско бебе.

најчитано сега