Шпанскиот премиер Рахој фатен сред корупциски скандал

 

Лидерите на шпанската опозиција го повикаа денеска шпанскиот премиер Маријано Рахој да си поднесе оставка откако тамошниот печат објави дека наводно примал непријавени парични средства додека бил во претходната влада. Скандалот поради наводното примање на непријавени пари од донатори ја потресе владата на Рахој и ја наруши неговата популарност. Печатот објави пораки од мобилен телефон кои си ги размениле Рахој и Барсењас. Шппанците во моментов се соочени со оштри мерки за штедење и економски реформи како би се намалил долгот на земјата која ја погоди рецесија и голема невработеност од 27,2%.

 

 

најчитано сега